Прво коло од најдобрата шпанска женска лига во кое што на веднаш на отворањето се одигра Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона каде што каталонките стигнаа до убедлива победа од 0:4 среде Мадрид.
Најзаслужни за триумфот и трите бода беа Џухаро во 19 минута и со минимални 0:1 се замина на полувреме. Во вториот дел за домашната екипа следуваше бродолом, бидејќи Барселона најпрвин преку Исабел од пенал во 55 минута го дуплира водството на 0:2, а потоа резервистката Мартенс зголеми на 0:3 во 66 минута, а конечниот резултат го постави Путелјас во 75 минута од натпреварот.



