На отворањето на новата сезона во Шпанија за женски фудбал, најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова учествуваше во гостинската победа на својата екипа на Леванте каде што против Логроњо стигнаа до победа со пресврт, откако на полувреме домашната екипа имаше предност од еден гол преку Гарсија.
Во второто полувреме Леванте ја презеде иницијативата тргна офанзивно и за само четири минути стигна до пресврт, најпрвин Гиереро од пенал во 55 минута израмни на 1:1, а во 59 минута Родригез ги постави конечните 1:2. Наташа Андонова влезе во игра во 78 минута на местото на Ферер.