Вториот плејоф натпревар во овогодинешната АФЛ сезона го одиграа екипите на Бризбејн Лионс и на Ричмонд Тигерс.
Вчера беше одигран првиот меч, после којшто Порт Аделаид Пауер се пласираа во полуфиналето за првпат после 2014, совладувајќи ги Џилонг Кетс со (9.4) 58-42 (5.12).
Во првата четвртина од денешната средба, двете екипи пружија одлична игра, после којашто Ричмонд имаше блага предност.
Во последните минути од втората четвртина, Лионс добија моментум со постигнатите три последователни голови на Камерон Рејнер, на Чарли Камерон и на Лечи Нил, за заминување на пауза со предност од (7.2) 44-31 (5.1).
Во третата четвртина, Бризбејн го зголеми резултатскиот суфицит за плус осум, односно плус дваесет и еден во пресрет на последниот период.
Ричмонд собра залет во последната четвртина и успеа да намали на само осум поени заостаток, но фудбалерите на Бризбејн останаа смирени и рутински ја остварија победата од конечни (10.9) 69-54 (8.6).
До денес, последната победа на Бризбејн над денешниот ривал, датираше уште од 9 мај 2009 што дополнително ја затоплува победничката атмосфера во главниот град на Квинсленд по пласманот во полуфиналето.



