Во првата финална средба од финалето на НБА, ЛА Лејкерс релативно лесно ги совладаа Мајами Хит.
Имено, резултатот после истекот на времето гласеше 116-98 во корист на ,,Езерџиите”, кои поведоа со вкупни 1-0.
Во првата четвртина, Мајами имаше и блага предност што во еден момент стана и двоцифрена, но истата ја загуби за неколку минути.
Од втората четвртина почна доминацијата на Лејкерс, кои водеа и со над триесет поени разлика во еден наврат.
Ентони Дејвис, како најефикасен со 34 поени и ЛеБрон Џејмс, како единствен кошаркар со дабл-дабл учинок од 25 поени и 13 скокови, повторно беа главните адути на тимот од Калифорнија.
Од друга страна, за Мајами, најефикасен беше Џими Батлер со 23 постигнати поени.



