По двата последователни порази, екипата на СКА од Ст. Петербург успеа да запише триумф и тоа од 4-6 над Сибир Новосибирск.
Сибир поведе во првата третина со 0-2, откако два од шесте шутови влегоа во мрежата на Михаил Бердин, а стрелци беа Виктор Комаров и Дмитри Сајустов.
СКА ја доби втората третина со 1-4 за предност од 3-4 после четириесет минути игра. Голови за победничкиот состав постигнаа Андреј Кузменко, Владимир Ткачјов, Јарослав Дибленко и Арсени Бринкман, додека за домаќините погоди Илја Пастухов.
Никита Шашков, во воведните минути на третиот период, му донесе израмнување на Сибир на 4-4, а до крајот, Антон Белов и Миро Аалтонен ја затресоа мрежата на Хари Сатери за конечни 4-6.
Со овој триумф, СКА изби на врвот на Западот со шеснаесет, додека Сибир е осми на Истокот со девет поени.