Њујорк Јенкис ја добија првата скратена осмина-финална серија против Кливленд Индијанс со 2-0, откако синоќа славеа со 9-10.
Имено, Јенкис го добија првиот меч со 3-12, а фрлачот Герит Кол блесна со дури тринаесет ,,страјк-аути”.
Синоќа, претставниците на Кливленд пружија солиден отпор, а после првиот ининг, водеа и со 4-0.
Сепак, накрај, до победата дојдоа Јенкис, кои постигнаа и три хоум-рани преку Џанкарло Стентон, Џио Уршела и Гери Санчез.
Во четврт-финалето, момците од Њујорк ќе ги одмерат силите со првопласираните Тампа Беј Рејс.