Атланта Фалконс, веќе две кола по ред, губат навидум добиен натпревар.
Прерходниот викенд, тоа беше случај со Далас Каубојс, а синоќа, протагонисти беа Чикаго Берс.
Додека на теренот беше Митчел Трубиски (квотербекот на Чикаго), заклучно со третата четвртина, Атланта стекна предност од 26-10, со тачдауните на Хејден Хурст, на Брајан Хил и на Тод Гурли, како и шутирањата на Јанг Хое Ку.
За тоа време, единствени поентери на Берс беа Џими Греам (тачдаун) и Каиро Сантош (екстра-поен и филд-гол).
На местото на Трубиски влезе поранешниот Супер Боул победник, Ник Фолс, кој ја исфрли својата магија на тревникот.
Четвртата четвртина помина целосно во знакот на Чикаго, кој ја доби истата со 0-20.
Фолс издоминира комплетно со 188 освоени јарди, 16/29 обиди за додавање и дури три тачдауни.
Накрај, конечниот резултат изнесуваше 26-30 во корист на Чикаго, кој ја освои третата победа од почетокот на сезоната.
Во соработка со НФЛ Македонија



