Мајами Хит е вториот финалист во овогодинешната НБА сезона, приклучувајќи им се на Лос Анџелес Лејкерс.
Имено, во полуфиналето, Мајами беше подобар од Бостон Селтикс со вкупни 4-2.
На синоќешниот шести натпревар, екипата од Флорида забележа победа од 125-113 во изедначен натпревар, кој ескалираше во втората половина на четвртата четвртина.
Од редовите на победничкиот состав, со дабл-дабл учинок, најефикасен беше Бам Адебајо со 32 поени и 14 скокови.
Кај Бостон, по 26, односно по 24 поени уфрлија Џејлен Браун и Џејсон Татум.



