Во последното коло од регуларната МЛБ сезона, силите ги одмерија две калифорниски екипи – Сан Франциско Џајантс и Сан Диего Падрес.
Падрес успеаја да запишат триумф со резултат од 4-5 и да ги срушат соништата на ривалите за пласман во плејоф.
Доколку Сан Франциско избореше победа, ќе влезеше во доигрувањето како осмопласиран тим, бидејќи Милвоки Бруерс исто така загубија од Ст. Луис Кардиналс.
На овој натпревар, Џајантс постигнаа три, а Падрес – еден хоум-ран.
За домаќините поентираа Маурисио Дубон, Брендон Крофорд и Вилмер Флорес, а за гостите – Вил Мајерс.



