Авангард Омск се искачи на првата позиција на Истокот, откако вчера оствари победа од 2-0 над Металург Магнитогорск.
Првата третина заврши без голови, а во втората, Корбан Најт постигна пауер-плеј гол за водство на Авангард.
Во самата завршница на истиот втор период, Сергеј Шумаков промаши пенал, но Русинот ја исправи својата грешка во третата третина, поставувајќи го конечниот резултат од 2-0.
За Омск, ова беше втор врзан триумф, додека Металург го запиша вториот последователен пораз.



