АК Барс Казањ и Авангард Омск, денес, го одиграа дербито на Истокот на ,,Татнефт Арена” пред нешто повеќе од четири илјади гледачи.
По регуларните шеесет и по петте дополнителни минути игра, резултатот изнесуваше 1-1, по што следуваа пеналите.
За домаќините, во првата третина, водството го донесе Станислав Галиев на својот јубилеен двестоти меч за АК Барс, додека Оливер Каски израмни за Омск со пауер-плеј гол во вториот период.
Во пенал-серијата, единствен што ја погоди мрежата беше дваесетгодишниот Александер Хованов за шестиот триумф во низа на АК Барс Казањ.



