Екипата на ЦСКА Москва го запиша вториот овосезонски пораз и тоа од источниот ривал – Металург Магнитогорск.
После првите две третини, ЦСКА водеше со 1-0 со голот на Брендан Лајпсик.
На почетокот на третиот дел, гостите израмнија со пауер-плеј голот на Андреј Нестрашил, а ЦСКА ја врати предноста само половина минута подоцна преку Павел Карнаухов.
До крајот, хокеарите на Магнитогорск забија уште три гола за конечни 2-4, а стрелци беа Николај Прохоркин, Игор Швирјов и Тејлор Бек.
Со оваа победа, Металург изби на второто место на Истокот, а на истата позиција на Западот се наоѓа ЦСКА.



