Најлутите ривали во МЛБ, Бостон Ред Сокс и Њујорк Јенкис, ги одмерија силите синоќа на ,,Фенвеј Парк” во Бостон.
До победата стигнаа Јенкис и тоа после дванаесеттиот ининг.
Бостон водеше со 4-0 до седмиот ининг, а единствен играч со хоум-ран беше Кристијан Аројо.
За Јенкис, хоум-ран постигна Гери Санчез во деветтиот ининг и израмни на 4-4.
Во дополнителните ининзи и двете екипи поентираа, но сепак тимот од Њујорк ја однесе победата од 5-6.
По петте врзани порази на почетокот на септември, Јенкис сега ја запишаа деветтата победа во низа што ги држи на второто место во Источната дивизија на Американската лига со учинок од 30-21. Во истата група, Ред Сокс се последни со 19-33.



