Чикаго Вајт Сокс и Минесота Твинс, синоќа го одиграа својот втор меѓусебен последователен натпревар.
До победата, со пресврт, дојде екипата од Чикаго со резултат од 4-3. За Вајт Сокс, ова беше седма победа на последните осум средби, добивајќи го единствениот пораз во овој распон токму од Минесота еден ден претходно.
На мечот беа постигнати пет хоум-рани. За победничкиот состав стрелаа Хозе Абреу и Едвин Енкарнасион, а за Минесота, поените ги постигнаа Бајрон Бакстон (х2) и Џош Доналдсон.
Со оваа победа, Чикаго остана на првата позиција во Централната дивизија на Американската лига со 33-17, а Минесота е втора со 31-21.



