Мајами Хит поведоа со 2-0 во конференциското финале на Истокот со синоќешната победа од 101-106 над Бостон Селтикс.
Натпреварот изобилуваше со интересни моменти и со пресврти, а Бостон, кон крајот на првото полувреме, водеше и со седумнаесет поени разлика.
Словенецот Горан Драгиќ, од редовите на Мајами, беше најдобар на паркетот со дваесет и пет поени.
Кај Селтикс, најефикасен беше Кемба Вокер со дваесет и три уфрлени поени.