Во Струга тешко која екипа стигнува до бодови, па така и во ова шесто коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар, домашната екипа на ЖФК Ас Јунајтед дојде до заслужна победа од 3:1 над екипата на ЖФК Речица.
Натпреварот изобилуваше со убави акции, шанси и возбудувања во текот на целиот меч. ЖФК Ас Јунајтед поведе во 16 минута со голот на Оливера Цоклеска, а на стартот на вториот дел во 47 минута од пенал стружанки зголемија на 2:0 со голот на Илза Максути.
Голот кој донесе возбудлив финиш на средбата е погодокот на Јасмина Јовановска, но за кратко траеше неизвесноста затоа што домашната фудбалерка Села Веса во 76 минута зголеми на 3:1 воедно за краен резултат на овој натпревар.
Состав ЖФК Ас Јунајтед: 99 Речи Суарта, 2 Положани Синдис, 3 Поповска Александра, 5 Села Веса, 7 Максути Улза, 8 Стеблева Ера, 10 Адили Арлинда (К), 11 Цоклеска Оливера, 13 Мојсоска Кристина 15 Симоноска Александра и 16 Сулејмани Едина.
Состав ЖФК Речица: 12 Јовановска Јована, 2 Антовска Роберта, 3 Станисављевска Александра, 5 Милановска Ангела, 6 Радиќ Јелена, 13 Стојановиќ Маја, 14 Јакимовска Ангела, 15 Најдановска Сара, 19 Павловска Кети (К), 20 Петковска Анѓела и 22 Јовановска Јасмина.



