Утре од 18:30 часот својот прв натпревар во новата сезона го игра екипата на Струга против новиот суперлигаш тимот на Јуниор Кисела Вода.
Капитенот на РК Струга искусниот Богдан Николиќ има свое видување во пресрет на првиот меч сезонава: “Струга овaа година, има доста млада екипа, со неколку искусни играчи во тимот…Припремите ги поминавме добро, имаме добра атмосфера и сигурно ќе бидиме незгоден ривал за сите екипи од нашата група. Утре не чека прв натпревар оваа сезона…а тој прв е секогаш најтежок, од повеќе аспекти…ама како и да е со дисциплинирана и јака игра во одбрана пред се, очекуваме првенството да го отвориме со победа…нарочито ако се знае дека играме на наш терен.”