Возачите во категоријата Мото 3 пружија неверојатна трка, која се возеше на Мизано за големата награда на Сан Марино.
До победата дојде фантастичниот Шкотланѓанец, Џон МекФи, кој стартуваше како седумнаесетти и беше побрз за само 37 илјадинки од второпласираниот Аи Огура. Подиумот го комплетираше Татсуки Сузуки, а дури девет возачи имаа заостаток помал од една секунда: Алкоба, Родриго, Арболино, Масија, Фенати и Фоџа.
МекФи го направи победничкиот маневар во почетокот на последниот круг, кога, во само еден свијок, од четвртата дојде до првата позиција.
За неутралните гледачи, добар извадок од трката е излетувањето на Алберт Арењас во завршницата, кој сега има само пет поени предност во генералниот пласман пред Огура, односно четиринаесет пред МекФи.



