На трката за големата награда на Сан Марино во Мото 2, до победата стигна полубратот на Валентино Роси – Лука Марини.
За Италијанецот, ова е втора овосезонска победа, а воедна и петта во категоријата до 250 кубици.
На второто место заврши победникот на претходната трка, Марко Беѕеки, кој едвај успеа да се одбрани од нападите на третопласираниот Енеа Бастијанини во последниот круг.
Во првите десет завршија уште Виерхе, Фернандез, Лути, Ди Џанантонио, Лоус, Канет и Робертс.



