Швајцарскиот интернационалец и капитен на Палермо, Алесандро Мартинели поради срцеви проблеми при детални прегледи во клубот, е приморан на предвремена пензија и закачување на копачките на клинец.
Палермо минатата сезона се избори за пласман во трета лига, бидејќи беше исфрлен административно во четврта лига. Токму капитенот Мартинели беше еден од најзаслужните за промоцијата во повисок ранг. Во кариерата фудбалерот уште настапуваше за тимовите на: Сампдорија, Венеција, Модена и Бреша.



