ЛА Доџерс го запишаа четвртиот пораз на последните шест средби, откако синоќа беа поразени со 5-7 од Хјустон Астрос.
Екипата од Лос Анџелес водеше со 5-1 после седмиот и со 5-2 после осмиот ининг, но Астрос постигнаа пет поени во последната деветина и ја однесоа победата.
На натпреварот беа постигнати и два хоум-рани што беа дело на Крис Тејлор и на Енрике Хернандез – двајцата од редовите на Доџерс.
Во Западната дивизија на Американската лига, Хјустон е втор (23-23), а Доџерс (32-14) се на врвот на Западната дивизија на Националната лига.



