Лос Анџелес Лејкерс се првите финалисти на Западот, откако ги елиминираа Хјустон Рокетс со 4-1 во конференциското полуфинале.
На последниот меч, Лејкерс славеа со 119-96, имајќи резултатска позитива уште од самиот старт и полека билдајќи ја предноста што во еден момент достигна и триесет поени.
Џејмс Харден (Хјустон) беше најефикасен на натпреварот со триесет поени.
Кај Лејкерс, ЛеБрон Џејмс (дваесет и девет поени и единаесет скокови) и Ентони Дејвис (тринаесет поени и единаесет скокови) беа единствени со дабл-дабл учинок.