Во најраниот денешен термин во Чемпионшип, силите ги одмерија минатогодишните третолигаши Викомб Вондерерс и Ротерам Јунајтед.
Ротерам се врати во второлигашкото друштво после една година помината во Лиг 1, додека, за Викомб, ова беше прв второлигашки натпревар во историјата.
Момците предводени од Герет Ејнсворт беа на чекор да го крунисаат дебито со освоен поен, но голот на Мајкл Ихиекве, во втората минута од судиското продолжение, му ја донесе победата на Ротерам од 0-1.
Во истиот термин се соочија Бирмингем и Брентфорд во натпревар што заврши со 1-0 во корист на ,,сините” од вториот најголем англиски град – Бирмингем.



