Њујорк Ајландерс намалија на 2-1 во меѓусебната полуфинална серија против Тампа Беј, со денешната победа од 5-3.
По првата третина, резултатот гласеше 1-1, а голови постигнаа Кал Клатербак за Ајландерс, односно Михаил Сергачјов за Лајтнинг.
По вториот дел, тимот од Њујорк стекна двојно водство со головите на Адам Пелеч и на Ентони Бовилие.
До средината на третата третина, Тампа Беј израмни на 3-3 преку Ондреј Палат и Тајлер Џонсон, но Ајландерс решително стигнаа до победата благодарение на Брок Нелсон и на Жан-Габриел Пажо.



