Продолжението го реши третиот натпревар од полуфиналната серија во којашто се борат Далас Старс и Вегас Голден Најтс.
По воведните две победи на Голден Најтс, синоќа славеше и Далас за намалување на својот заостаток на 2-1.
Головите паѓаа наизменично, а за Старс, прецизни беа Џејми Олексијак и Џејми Бен. Од друга страна, стрелци за Вегас беа Шеј Тиодор и Марк Стоун.
После само половина минута игра во дополнителното време, победата на Далас му ја донесе поранешниот хокеар на ЦСКА Москва – Александар Радулов.



