Екипата на Астон Вила сериозно се залага за својот премиерлигашки опстанок.
Имено, клубот од Бирмингем, во своите редови го доведе вториот стрелец на Чемпионшип минатата сезона – Оли Воткинс.
Англичанецот потпиша договор вреден 28 милиони плус дополнителни 5 милиони за бонуси.
Минатата сезона, Воткинс, со Брентфорд, беше на чекор до пласман во Премиер лигата, но во финалето на плејофот загубија од Фулам, а претходно не искористија ни два колосални киксови на ВБА.
Сепак, Англичанецот, на 46 натпревари постигна 25 гола во регуларната сезона, а во плејофот заби уште еден погодок и се израмни со првопласираниот Александар Митровиќ.
Освен Брентфорд, од овој трансфер ќе профитира и претходниот клуб на Воткинс, четвртолигашот Ексетер Сити, кој ќе добие 15%, односно околу 4 милиони.



