Серијата помеѓу Вегас Голден Најтс и Далас Старс сега е израмнета на 1-1.
Имено, синоќа, Голден Најтс запишаа победа од 3-0 и станаа првиот тим, после Торонто Мејпл Лифс во 1935, што не постигнал гол во првиот меч од конференциското финале, а го победил вториот.
Стрелци на трите погодоци беа Пол Стастни, Вилијам Карлсон и Томаш Носек во втората третина.
На почетокот на третиот период, на голот на Далас застана Џејк Отингер, кој го замени Антон Худобин и воедно го запиша своето деби во НХЛ. Американецот е вториот голман што дебитира во НХЛ на овогодинешниот плејоф, заедно со Дан Владар од Бостон Бруинс. За првпат после 1937 година, во еден ист плејоф, двајца голмани дебитирале во НХЛ.



