По трите последователни победи над Њујорк Јенкис, Балтимор Ориолс му го ,,земаа скалпот” и на другиот тим од најголемиот американски град – Њујорк Метс.
Ориолс синоќа славеа убедливо со 2-11 во меч со шеснаесет страјк-аути, односно по осум и на двете страни.
Исто така, беа постигнати шест хоум-рани од кои, два беа на Метс, а четири на Ориолс.
За Њујорк Метс поентираа Џејк Марисник и Џеф МекНил, додека за победниците, хоум-ран забележаа ДиЏеј Стјуарт, Рајан Маунткесл, Рио Руиз и Пет Валаика.
После овој натпревар, двете екипи се четвртопласирани во нивните групи. Балтимор, со 20-21 е на само една победа од третопласираните Њујорк Јенкис во Источната дивизија на Американската лига, а Метс, со 19-24, заостануваат шест порази зад Мајами Марлинс во Источната дивизија на Националната лига.



