Мајами Хит се првите полуфиналисти во НБА, откако, со 4-1, ги надиграа Милвоки Бакс.
На последниот меѓусебен дуел, Мајами славеше со 94-103.
За Бакс, надвор од паркетот беше Јанис Антетокумбо, кој на претходниот меч заработи повреда на глуждот. Сепак, неговиот тим имаше и двоцифрена предност кон крајот на првата и почетокот на втората четвртина. Оттогаш, предноста беше анулирана и Мајами го контролираше резултатот до самиот крај.
Во победничкиот состав имаше дури шест двоцифрени кошаркари од кои, со по седумнаесет поени, најефикасни беа Џими Батлер и Горан Драгиќ.
Во составот на Милвоки, најмногу се истакна Крис Мидлтон со дваесет и три поени.