Австралија конечно успеа да дојде до првата победа во Т20 серијата против Англија од третиот обид.
Претставниците на најмалиот континент славеа вчера со 145/6 (20) – 146/5 (19.3) во неизвесен натпревар.
Од англиските удирачи, најрасположен беше Џони Беирстоу со 55 поени од 44 топки, а кога се во прашање фрлачите, најмногу се издвои Адил Рашид со 3-21.
Кај победниците, Митчел Марш и Арон Финч постигнаа по 39 поени, а Адам Зампа фрлаше солидно со учинок од 2-34.
Англија, иако го загуби третиот дуел, сепак ја победи серијата, откако славеше на претходните две средби.



