Колумбискиот фудбалски интернационалец, Хамес Родригез, е најновото засилување на Евертон.
После Алан, тренерот Карло Анчелоти реши да доведе уште еден играч што претходно играл под негово менторство.
Евертон за Хамес издвои дваесет милиони фунти, кој потпиша двегодишен договор со можност на уште една година.
Родригез дојде од редовите на Реал Мадрид од каде што беше испратен на позајмица во Баерн Минхен од 2017 до 2019. Освен за двата европски гиганти, Колумбиецот ги бранеше боите и на Енвигадо, Банфилд, Порто и Монако.
,,Гледам дека овие фанови се вистински, прави поддржувачи. Треба да бидат сигурни дека ќе дадам сè од себе во секоја ситуација: секоја акција, секој напад. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од мене.” – се огласи Хамес за официјалниот веб-сајт на Евертон.



