ЦСКА Москва ја запиша втората врзана победа со резултат од 3-1, после вчерашниот триумф над Бариш Нур-Султан.
По првите десет минути, тимот од Москва поведе со 2-0, а стрелци беа Максим Мамин и Андреј Светлаков. До крајот на третината, Казахстанците го преполовија својот заостаток преку Никита Михаилис.
Конечниот резултат го постави Антон Слепишев со пауер-плеј гол во завршните минути на втората третина.
За ЦСКА Москва, ова беше прв домашен триумф над денешниот ривал уште од 11 декември 2017, кога беа подобри со 4-1.



