Во првиот овосезонски полуфинален натпревар, силите ги одмерија Вегас Голден Најтс и Далас Старс.
Претставниците на Лас Вегас влегоа како благи фаворити во овој дуел и во оваа серија, но синоќа загубија со минимален резултат од 0-1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џон Клингберг, по асистенција на Џејми Бен и на Радек Факса, во третата минута од првата третина.



