Ѕвездата на Лион и поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај, веќе од пред неколку години ги покажа своите музички квалитети.
Пред само неколку дена, 26-годишниот холандски интернационалец го објави својот нов сингл наречен ,,2 Коринтијанс 5:7″ придружен со видео-запис.
Имено, најновата шпекулација поврзана со искусниот напаѓач е дека ќе потпише за Барселона, каде што тренер ќе му биде сонародникот Роналд Куман, кој работеше со него во репрезентацијата.



