Според најавите на англиските медиуми и спортскиот новинар Дејвид Остерн, дефанзивецот на Арсенал, Роб Холдинг кој има само 24-години е пред трансфер во Њукасл каде што во прво време ќе биде на ,,Сент Џејмс Парк” на позајмица за потоа да потпише договор со ,,Страчките”.
Холдинг во штотуку завршената сезона за ,,Топџиите” одигра 23 натпревари во кој што успеа да постигне и еден погодок. Фудбалерот има постојани проблеми со повреди и затоа не е стандарден член во првиот тим на Арсенал.



