Далас Маверикс успеаја да го израмнат вкупниот резултат на 2-2 во осмина-финалната серија против ЛА Клиперс.
Екипата од Тексас славеше со 135-133 после продолжение во четвртиот меч, откако, по регуларниот дел, резултатот гласеше 121-121.
Најзаслужен за триумфот на Маверикс беше неверојатниот Лука Дончиќ, кој забележа одличен трипл-дабл со 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции. Освен ова, Словенецот погоди тројка за победа со звукот на сирената. Од Клиперс, најефикасен со 36 поени беше Лу Вилијамс.



