Актуелните шампионки одат според планот освојуваат нови бодови. Во второ коло од Прва ЖФЛ на дербито на колото помеѓу ЖФК Каменица Саса и ЖФК Истатов од Дојран домашната екипа обезбеди победа за три бода.
Домаќинките на теренот во Каменица имаа сигурна и напаѓачка игра во која што во офанзивниот дел најдобро се снајдоа Ана Димитровска која постигна хет-трик и Рабија Дервиши која беше двоен стрелец.
Триумфот беше изразен во резултат од 5:1 на полувреме беше 3:0. Почесниот гол за гостинската екипа го постигна во финишот од мечот Радица Чонева. Инаку натпреварот помина во фер и коректна игра на двете страни.