Вечерва од 21.00 часот љубителите на фудбалот ќе уживаат во финалето од Лига на шампиони, иако во необичен термин на одигрување сепак поради корона вирусот мораше на ваков начин да се приведе завршницата во најелитното натпреварување. Тимовите на ПСЖ и Баерн Минхен полагааат надежи дека токму тие ќе бидат поуспешни вечерва, а нивната борба е крајно изедначена и шансите се 50-50.
Томас Тухел и Ханси Флик ќе го имаат своето прво тренерско финале во Лигата на Шампионите, но според нивниот квалитет и потенцијал може и наредните сезони да ги гледаме во финалните натпревари.
Првотимците на двете страни се спремни да излезат на мегдан и да покажат што знаат и умеат, а исто така ќе гледаме ревија на фудбалски ѕвезди кој што со еден потег можат да го решат финалето.



