Двете убедливо најслаби екипи во изминатите неколку сезони, Голд Коуст Санс и Карлтон Блус, ги одмерија силите за првпат во оваа година.
До победата стигна Карлтон, кој доминираше во сите четири четвртини. Конечниот резултат изнесуваше (4.3) 27-60 (7.18). Убедливо најефикасен на мечот беше Хари МекКеј од победничкиот состав со постигнати шеснаесет поени (2.4).
За Карлтон, ова е втора победа во низа и трета во последните пет кола, додека Голд Коуст го запиша петтиот пораз на последните шест натпревари. На табелата, Карлтон е деветти, а Голд Коуст тринаесетти, притоа со натпревар повеќе во однос на конкурентите.



