Вечерва во Келн (почеток 21:00 часот) Севиља и Интер ќе го одиграат финалето во Лигата на Европа. Оваа сезона во поинаков формат, принудно поради корона вирусот, УЕФА одлучи да ја смени завршницата, па така е формиран турнир во кој Севиља и Интер се најдоа во финалето.
Севиља ќе се обиде да го крене трофејот рекорден шести пат, додека Интер е во игра за четвртиот трофеј во Лигата на Европа.
За разлика од Севиља која почна во Лигата на Европа и стигна до финалето, во четвртфиналето го елиминира Вулверхемптон, во полуфиналето Манчестер Јунајтед, додека Интер влезе во второто по квалитет европско натпреварување откако не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампионите, а во на мини турнирот во Германија ги исфрли Баер Леверкузен и Шахтјор Доњецк.
Инаку Севиља и Интер првпат ќе се соочат меѓу себе. Андалузијците се соочиле со седум други италијански клубови и има скор од 6 победи, 2 нерешени и 5 порази. Интер има многу дуели со шпански опоненти, а победил 14 од 43 натпревари, а изгубил 18 дуели вклучувајќи ги и двата меча со Барселона оваа сезона во ЛШ.
Севиља и Интер имаат 100% ефект во финалињата на ЛЕ. Последниот трофеј шпанскиот тим го освои во 2016 година со победата над Ливерпул (3:1), додека Интер последниот трофеј во ова натпреварување го освои во 1998 година со триумфот над Лацио (3:0) кога уште беше под Купот на УЕФА.
Кај Севиља нема повредени и суспендирани играчи, додека Интер ќе мора без Весино кој е повреден, а неизвесен е Алексис Санчез, додека Хакими не е пријавен.



