На денешната трка во МотоГП бевме сведоци на нов настан што ќе влезе во историјата.
Имено, на патеката крај Брно, Чешка, до првата ,,кралска” победа во кариерата дојде Бред Биндер во својата трета трка во МотоГП. Исто така, Биндер му ја донесе и првата победа во историјата на ,,КТМ” во МотоГП и стана првиот Јужноафриканец што славел во оваа категорија.
На второто место и до првиот подиум во кариерата дојде Италијанецот Франко Морбидели, а на третото место заврши Жоан Зарко – возачот кој вчера ја освои пол-позицијата.
Веднаш зад Зарко се пласира Алекс Ринс, кој зад себе ги остави Валентино Роси и Мигел Оливеира.
Победникот на првите две трки, Фабио Квартараро, ја зазема седмата позиција, а поени освоија и Такаки Накагами, Џек Милер, Алеиш Еспаргаро, Андреа Довициозо, Данило Петручи, Кал Крачлоу, Маверик Вињалес и Алекс Маркез.
Марк Маркез и Франческо Бањаја не учествуваа на денешната трка поради повреди.
Во останатите две категории, Мото 3 и Мото 2, победија Денис Фоџа и Енеа Бастијанини.



