1.Росоман дебитира во второлигашка конкуренција. Кои се амбициите оваа сезона ?
1. Нашите амбиции за оваа сезона секако е опстанок во второлигашкото друштво. Растеретени ќе влегуваме на секој натпреавр затоа што ние немаме што да изгубиме. Фаворитската улога ќе ја пропуштиме на противничката екипа, а ние како најмлада екипа спремни сме да се надигруваме со сите екипи.
2.Дебитираш на клупата за клубот како прва жена што води самостојно машки клуб во Македонија. Какво е чуството и дали чуствуваш притисок ?
2. Желбата за тренерските води е од многу одамна. Прва желба беа лиценците. Кога ја реализирав таа желба, следна беше да бидам тренер во машки фудбал. Јас како прва жена во машки фудбал се надевам ќе дадам мотив и на другите лиценцирани девојки да продолжат таму каде што јас започнав. Да докажеме дека и ние вредиме, знаеме и умееме. Чуството е прекрасно, фудбалерите ме почитуваат и ги исполнуваат задачите кои му ги давам.
3.Колку години опстојува Росоман ?
3. Росоман е клуб кој постои веќе 40 години. Клубот долги години се натпреваруваше во општинската, а подоцна и во третата лига. После 30 години се враќаме во второлигашкото друштво.
4.Со каков кадар располага Фк Росоман 83 ?
4. Фк Росоман 83 е најмладата екипа во ВМФЛ. Нашата екипа е составена од играчи кои се од Тиквешијата. Играчи кои ги минале сите младински категории во Тиквеш и ГФК Вардар и играчи кои биле дел од нивните сениорски екипи. Во стручниот штаб на екипата и воедно мој помошник е искусниот тренер Никола Глигоров. Имаме потполна подршка од претседателот Атанасов Панче и секретарот Игор Настов.
5.Дали си задоволна со инфраструктурата што располага клубот и реализацијата на тренинзите ?
5. Тренираме на игралиштето во О. Росоман, игралиште кое го одржава нашиот економ Душко Кареов. Игралиштето ги исполнува сите услови, имаме и рефлектори за вечерни тренинзи и натпревари. Исто така имаме и сала кога временските услови не дозволуваат тренинг на отворено.
6.Има ли Росоман играчки кадар да биде конкурентен на второлигашките екипи ?
6. Росоман има талентирани и млади фудбалери кои имаат желба и талент да се докажуваат и носат со сите второлигашки екипи.



