Екипите на Тампа Беј Рејс и на Бостон Ред Сокс се соочија синоќа на „Тропикана Филд“ во Ст. Петерсбург, Флорида.
До победата дојде домашниот тим на Тампа Беј со резултат од 5-1. Бостон поведе во вториот ининг преку единствениот хоум-ран на мечот што беше дело на Митч Морланд, а во продолжение, односно во четвртиот, петтиот и седмиот ининг, Тампа Беј дојде до посакуваната победа.
За Бостон, ова е четврти пораз во низа за вкупен учинок од 3-8, додека Тампа Беј ја прекина својата очајна серија од пет врзани порази за доаѓање на 5-6 и на третото место во Источната дивизија на Американската лига.



