Екипата на Портланд Трејл Блејзерс, синоќа, дојде до третата врзана победа над Хјустон Рокетс, овој пат, со резултат од 110-102.
Портланд имаше резултатска контрола во текот на речиси цел натпревар. Најефикасен од победничкиот тим беше Демиен Лилард со дваесет и еден поен, девет скокови и осум асистенции, а дабл-дабл запишаа Јусуф Нуркиќ (осумнаесет поени и деветнаесет скокови) и Кармело Ентони (петнаесет поени и единаесет скокови). Што се однесува до играчите на Хјустон, најефикасни беа Џејмс Харден, со дваесет и три поени, шест скокови, девет асистенции и Џеф Грин со дваесет и два поени, шест скокови и една асистенција. Расел Вестбрук (Хјустон) го заврши мечот со петнаесет поени.
Со оваа победа, Портланд ја зазема деветтата позиција со учинок од 31-38, додека Хјустон е четврти со 42-25.



