Серијата на еднодневни крикет натпревари помеѓу Англија и Ирска беше завршена со третиот натпревар што се одигра денес.
Англичаните ги добија првите два натпревари, но Ирска успеа да возврати во третиот дуел и да слави со 238/10 (49.5) – 329/3 (49.5) во натпревар решен со последните топки.
Имено, за Ирска, ова е прв меѓусебен триумф уште од 2 март 2011 кога во рамките на светското првенство славеа со 327/8 (50) – 329/7 (49.1).
На денешниот меч, од Англија, удирачки најрасположен беше Еоин Морган со сто и шест поени. Освен Морган, над педесет поени постигнаа Том Бентон (58) и Дејвид Вили (51). Од Ирците, најдобар фрлачки учинок имаше Крег Јанг (3/53).
Во ирскиот ининг, викети доживеаја само Герет Дилејни (50/1), Пол Стирлинг (264/2) и Ендру Балбрни (279/3). Стирлинг беше најефикасниот ирски удирач со постигнати сто четириесет и два поени, а Балбрни забележа дури сто и тринаесет.



