Екипите на Вегас Голден Најтс и на Далас Старс го одиграа првиот нивен натпревар во тековната сезона по прекинот во месец март. Двете екипи се соочија во првото коло на плејоф групата на Западната конференција преку којашто ќе се одреди противникот на екипите во наредната фаза.
Синоќа, Голден Најтс стекнаа предност во првата третина преку голот на Чендлер Стивенсон со првиот шут кон рамките на голот на Бен Бишоп.
Далас направи целосен пресврт во втората третина преку Џоу Павелски (автогол на Алек Мартинез), Џејми Олексијак и Кори Пери, за предност од 1-3 во пресрет на последната третина.
Токму во последниот период домаќините блеснаа и постигнаа четири погодоци. Стрелци на головите беа: Марк Стоун, Нејт Шмидт, Вилијам Кериер и Вилијам Карлсон на празен гол. Конечниот резултат изнесуваше 5-3 во корист на Вегас Голден Најтс коишто, со оваа победа, ја преземаа првата позиција во својата група.



