Во 1/16-финалето од овогодинешниот продолжен плејоф формат на НХЛ се соочуваат екипите на Едмонтон Оилерс и на Чикаго Блекхокс.
Во првиот дуел, Чикаго славеше со 4-6, а синоќа Едмонтон израмни на вкупен резултат од 1-1 со победата од 6-3.
Имено, на овие два натпревари, за Едмонтон доминираа два играчи – вториот најефикасен играч во регуларната сезона, Конор МекДејвид и Рајан Нуџент-Хопкинс.
Во првиот дуел, двајцата забележаа по еден гол и по две асистенции. Синоќа, МекДејвид постигна хет-трик, а Нуџент-Хопкинс му асистираше при сите три погодоци. Токму овие две партии ги „издигнаа“ двајцата Канаѓани кои станаа првите играчи во историјата на Едмонтон Оилерс што постигнале најмалку три поени на првите два последователни плејоф натпревари. Овој учинок заслужува пофалба имајќи во предвид дека ни најголемиот хокеар во историјата, Вејн Грецки, не успеал да го оствари.