Сан Диего Падрес, синоќа, на домашниот „Петко Парк“, ги пречекаа своите калифорниски ривали – Лос Анџелес Доџерс.
Гостите стекнаа предност уште на првото фрлање, откако Џок Пидерсон го забележа својот прв хоум-ран сезонава. Освен него, за Доџерс, хоум-ран забележа и Коди Белинџер во деветтиот ининг.
Од друга страна, Падрес постигнаа дури три хоум-рани односно по еден за Трент Гришам, Фернандо Татис Џуниор и Вил Маерс. Крајниот резултат изнесуваше 5-4 во корист на Сан Диего којшто ја прекина својата серија од два последователни порази, а воедно ја прекина и серијата од две врзани победи на Доџерс.



