Најнеизвесниот од сите синоќешни натпревари во МЛБ го одиграа Лос Анџелес Анџелс и Хјустон Астрос. Имено, натпреварот беше решен дури после единаесет од регуларните девет ининга. По првите девет периоди, резултатот изнесуваше 4-4. Хјустон ги доби овие поени со трчање, со хоум-ранот на Алекс Брегман и со грешки на противничките фрлачи, додека Анџелс дојдоа до нив во третиот ининг откако Доминиканецот Алберт Пухолс направи хоум-ран со три освоени бази.
По десеттиот ининг, резултатот беше 5-5, а конечните 5-6 во корист на Хјустон беа поставени дури после единаесеттата деветина.



