Најлутите ривали од МЛБ, Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс, се соочија синоќа по вторпат во низа на „Јенкис Стадиум“ во Њујорк. До победата повторно дојде тимот од Њујорк со резултат од 9-7.
Најзаслужен за овој триумф е Арон Џаџ, кој постигна два хоум-рани. За Американецот, ова беше петти натпревар во низа на којшто постигна најмалку еден хоум-ран. Ова е најголем број на последователни натпревари со најмалку еден хоум-ран на некој играч на Јенкис уште од 2007, кога тоа му успеа на Алекс Родригез. Освен Џаџ, за Јенкис, хоум-ран постигна и Лук Воит.
Исто така, два хоум-рани за Бостон постигна Ксандер Богартс, а уште еден додаде Рафаел Деверс.